Пендаровски денеска ќе добие уверение, утре ќе биде инаугуриран во Собранието

Новоизбраниот претседател Стево Пендаровски денеска на седница на Државната изборна комисија ќе добие уверение дека е избран за пеф на државата.

Претходно ДИК ќе одржи јавна седница на која ќе ги објави конечните резултати од претседателските избори. Пендаровски утре ќе биде инаугуриран на седница во Собранието на Република Северна Македонија, со што и официјално ќе го почне петгодишниот мандат.

На седницата Пендаровски ќе даде свечена изјава пред народните избраници, членовите на Владата, верските лидери, првите луѓе на армијата, дипломатскиот кор и гости од странство. 

Седницата треба да започне напладне, а откако ќе биде отворена новоизбраниот претседател треба да даде свечена изјава, ќе има обраќање пред народните избраници, по што ќе следува свечен коктел. Пендаровски, кој беше поддржан од СДСМ и коалицијата, на втор круг од претседателските избори освои 436.212 гласа, или 51,66 отсто од гласовите на граѓаните кои излегоа на гласање.