Пелоси замина од Тајван, Кина продолжи со вежбите - Вашингтон и Пекин во отворен судир

Посетатата на претседателката на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси на Тајван, ја мобилизирае кинеската армија која почна големи воени вежби во територијалните води на Тајван. Официјален Пекинг испрати два воени брода, а кинески борбени авиони непрекинато го нарушуваат воздушниот протор на Тајван. Кина останува на ставот дека Тајван е составен дел од земјата, а секоја посета на странска делегација на Тајпеј, преставува грубо кршење на територијалниот суверенитет на земјата.

 

- „Под превезот на демократијата, САД го кршат суверенитетот на Кина. Оние што си играат со оган ќе настрадаат од тоа, а тие што ја навредуваат Кина ќе бидат казнети“, вели Ванг Ји – Министер за надворешни работи на Кина.

 

Претседателката на Претставничкиот дом на САД, веќе го напушти Тајван и ја продолжи азиската турнеја во Јапонија и Јужна Кореја. За време на посетата, покрај со првите луѓе на Тајван, Песоси се сретна и со активисти кои избегаа од Хонг Конг откако Кина насилно ги задуши демонстрациите таму.

 

- „Нашата делегација дојде во Тајван за да стави до знаење дека нема да се откажеме од нашата посветеност на Тајван и горди сме на нашето трајно пријателство. Сега повеќе од кога било, американската солидарност со Тајван е клучна и тоа е пораката што ја носиме“, изјави Ненси Пелоси - Претседателката на Претставничкиот дом на САД.

 

 Кина доби поддршка од Русија, која смета дека Пекинг има право да ги преземе сите неопходни мерки за заштита на својот суверенитет. За руското министерство за надворешни работи, посетата на високата претставничка на Соединетите Американски Држави преставува намерен обид на Вашингтон да ја иритира Кина.

 

- „Имаме можност во живо да видиме како се развива американската провокација. Оваа посета, која не знам како да ја наречам, преставува уште една провокација од страна на администрацуијата на САД со цел да се изврши дополнителен притисок врз Пекинг“, вели Марија Захарова – портпарол на министерството за надворешни работи на Русија.

 

Европската унија пак бара тензиите околу посетата на Пелоси на Тајван да се решат со дијалог, за да се избегне опасноста што може да произлезе од погрешна проценка.