Пелистер загуби од ГОГ во полуфиналето на Ф4 во младинската ЛШ
Ракометарите на Еурофарм Пелистер денес загубија од загубија ГОГ Гудме од Данска со 36:21 во полуфиналето на завршниот турнир во младинската Лига на шампиони.
Данскиот тим ја диктираше играта и ја имаше контролата на резултатот во текот на целиот натпревар.
Веќе по првите 30 минути ГОГ водеше со пет голови предност (17:12), за на крај предноста да биде убедлива.
Битолчани утре ќе играат за третото место.
Во второто полуфинале се среќаваат Барселона и Веспрем.