Пелистер го доби првиот дуел со ТФТ

Кошаркарите на Пелистер го добија првиот натпревар од разигрувањето за третото место во кошаркарската Супер лига откако денеска го совладаа ТФТ со 109:87 (30:20; 27:28; 27:23 и 25:16). Во натпревар во кој и двете екипи мислеа само на нападот и повремено на одбрана гостите заслужено дојдоа до водство од 1-0 во победи и за освојување им е потребна уште една победа.

Најефикасни кај победничкиот тим беа: Лангстон Вилсон со 27 поени, Брендан Џенкинс постигна 26, а Никола Малешевиќ 24. Во редовите на ТФТ најефикасен беше Џастин Гордон со 21 поен.

Кај домашните не настапи Дарин Говенс, а кај гостите Лука Стојановски и Андреј Митревски.

Следниот натпревар се игра во среда во Битола.

Утре стартува финалната серија меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Маџари. Почетокот на првиот дуел е во 20:30 часот.