Пеколни температури во јуни – од утре следува благо разладување

Иако летото се уште не започнало календарски, топлите денови веќе пристигнаа. Македонија денеска се соочува со еден од потоплите денови годинава, па така топлотниот бран кој можеше да се почувствува уште од раните утрински часови донесе силна жештина.

Телевизија 24 направи обиколка низ главниот град и од она што можеше да се забележи е дека граѓаните избегнуваат да се движат на отворено. Оние пак кои се приморани да ги завршат обврските и покрај високите температури, со себе носат шише вода и одмараат на некоја клупа под сенка во парковите. 

Граѓаните се жалат на високите температури и велат дека топлото време им го отежнува секојдневието.

Велат дека колку и да е невозможно сепак се трудат максимално да се справат со топлината.

При нашата обиколка забележавме и граѓани кои се разладуваа на градските фонтани, но на некои од најфреквентните улици низ Скопје , но забележавме и фонтани кои воопшто не работат.

Докторите од итната медицинска помош и оваа летна сезона препорачуваат да не се излегува од дома во периодот кога температурите се екстремно високи, да се пијат повеќе течности и да јаде лесна храна.

„Деновиве имало и зголчеме број на колапси на јавни места на граѓани кои се жалеле дека не им е добро и сме интервенирале. Има вкупно 11 такви интервенции. Апелираме тие што се на хронична терапија да се си ја земат својата терапија биодјеќи и влијае на крвниот притисок, потешкотии при дишење и болки при целото тело. Овие денови кога е топло да се земаа повеќе течност поготово вода, да не излегуваат надвор без потреба и ако се принудени да излезат да имаат поелсна облека“ - вели Рихад Реџепи доктор итна медицинска помош.

ОД УХМР пак упатуваат смирувачки пораки. Според нивните анализи во текот на утрешниот ден се очекува дневните температури да паднат за неколку степени.

Денеска сме под влијание на топла воздушна маса од јуиг и темпертурите ќе бидат повисоки од 30 до 37 степени. Во Скопје се очекува темпретаурата да е околу 37 степени. Утре ќе подпатнеме на северно взодушно струење и ќе има северен ветар кој ќе предизвика паѓање на температурите за некаде од 3 до 5 степени.

Надлежните препорачуваат во периодот од 11 до 17 часот да не се излегува од дома без причина.