Пехчевски во СТУДИО 10: Во Македонија годишно над 3000 луѓе умираат од последици поврзани со загадувањето

Мерните станици за загадување во почетокот беа многу малку, но во меѓувреме нивниот број постојано се зголемуваше. Инвестираше и државата и компаниите и граѓаните. Барем поголемите градови се добро покриени со мерни станици, вели Давор Пехчевски, програмски координатор на Еко-свест во емисијата СТУДИО 10 на ТВ24.

Податоците се многу важни за понатамошно планирање и стратегии со оглед на тоа што во Македонија годишно над 3000 луѓе умираат од последици поврзани со загадувањето.

-Многу се битни инспекциите за утврдување на загадувачите, но проблем е што некои општини воопшто и немаат инспектори, вели Пехчевски.

Според него, треба итно да се инвестира во јавен транспорт со што ќе се дестимулира користењето автомобили, а тоа подразбира не само автобуси туку и железница. Друга работа на која треба да се обрне внимание е начинот на загревање. Сепак, најголем загадувач се индустриите и тоа е лесно да се адресира затоа што станува збор за неколку точки, а не за безброј домаќинства кои по малку придонесуваат во загадувањето.