Пекевски за ТВ 24: Целосна истрага на судии и обвинители - за злоупотреби не само отказ туку и кривично гонење
Реформите во судството мора да бидат од корен, по рецептот на Еди Рама во Албанија. Целосна истрага на судии и обвинители, доколку се утврдат најмали злоупотреби на службената положба не само отказ, туку и кривично гонење. Судството не смее и натаму да биде користено за вработување на роднини и блиски пријатели. Ова е приоритет на новата влада, вели аналитичарот Синиша Пекевски во Аргумент плус на ТВ24. Пекевски смета дека во идниот владин состав мора да влезат искусни експерти, а не партиски фукционери кои веќе си го кажале своето. Во однос на економијата Пекевски смета дека новата влада мора да овозможи подобра бизнис клима и да не се межа во пазарното работење на компаниите.