Пазарот на недвижности со голема понуда и солидна побарувачка
Солидна побарувачка, голема понуда и добар промет, регистрира пазарот на недвижности во државава. Кај закупите има мал раст на побарувачката, со делумно поскапување како резултат на зголемените трошоци на живот. Кај цените на недвижностите, пак, не се очекуваат поголеми промени во наредниот период.
-Состојбата на пазарот на недвижности во државава е променлива, но сепак добра. Има солидно побарување и голема понуда и добар промет. Побарувачката на станови под закуп е добра и особено активна во овие месеци кои се традицинално месеци во кои станови под закуп бараат студентите. Во однос на минатата година има мал пораст на побарувачката, но не преголем, оценува за МИА претседателката на Групацијата за недвижности при Стопанската комора на Северна Македонија Лилјана Ковачева.