Пазарната инспекција ќе се екипира – засилени контроли за новиот Закон за заштита од пушење

40 нови пазарни инспектори ќе контролираат дали и колку угостителите ги почитуваат законите, вклучително и законот за заштита од пушење . Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши рече дека инспекторите се обучуваат веќе една година а со работа ќе почнат од средината на оваа. Со тоа на територијата на цела држава ќе има 160 пазарни инспектори. 

Околу 40 е бројката на нови инспектори кои ќе бидат низ целата држава. Знаеме дека подрачни има по сите градови. Така да, ќе видиме како ќе се движат работите после ова зајакнување и ако има потреба за дополнително. Тука сме ќе кажеме или ако е доволна таа бројка нормално дека ќе го мониторираме и ќе гледаме како постапуваат во нивната работа.

Покрај пушачите од новиот предлог-закон за заштита од пушење засегната е и бизнис заедницата. За тоа каков е нивниот став и кои се нивните барања во однос на новиот закон, Министерот за здравство Азир Алиу, во гостување во Телевизија 24 , рече дека  биле земени предвид и ставовите угостителите 

Во тие консултирани, дали е и бизнис заедницата? Дефинитивно да, беа консултирани и никој од бизнис заедницата не е против законот, единствено од нив е замерката дали ќе се почитува за сите подеднакво.

Од Туристичко-угостителската комора, пак,  за Телевизија 24 велат дека се уште немаат изградено став за најавениот  нов закон за заштита од пушење.

Аркан Керим претседател на Туристичко-угостителска комора при ССКМ: Во однос на новите предлог мерки за пушење, ние како Туристичко-угостителска комора заедно со нашите членки деновиве градиме став во врска со новите предлог решенија. Во најкраток можен рок ќе излеземе со свои предлози, размислувања и барања.

Предлог-законот веќе е ставен на увид на јавноста , по што ќе следува собраниска процедура. Се очекува да стапи на сила во март годинава.Со новите решенија знајано се заоструваат мерките против пушење во затворенјавен простор а ќе бидата опфати и електронски цигари.