Павловски за тв 24: Нашата влада многу се потпре на ковакс механизамот и на донациите од ЕУ
Foto

Павловски за тв 24: Нашата влада многу се потпре на ковакс механизамот и на донациите од ЕУ

Доктор Борјан Павловски од невладината организација „ЕСЕ“ во емисијата 24 анализа рече дека е важно државата што побрзо да го обезбеди вакцините, зошто тие делуваат и на новиот сој. Некои граѓани ги немаат основните елемтарни услови да ги испочитуваат препораките. Власта треба да обрне внимание на тоа и со една брза вакцинација ова треба да се надмине.

„Власта треба да даде отчет зошто не се почна со вакцинација. Требаше да се реагира уште пред шест месеци. Ние немаме информации дали се правеле деловни преговори и мора да има транспарентност. Ние дознаваме се од изјавите. Нашата влада многу се потпре на ковакс механизамот и на донациите од ЕУ.“ - вели доктор Павловски.

Потенцираше дека ковакс механизмот е добро поставен, но во ваков случај требаше да се предвиди на време дека вакцини ќе нема доволно за сите и дека тој механизам нема да биде ефикасен како за другите болести, вели доктор Павловски.

0 Коментари

Остави коментари