Павлески за тв 24: Не очекуваме дека ќе има страшни последици по економијата до крајот на годинава

Во 24 анализа Дејан Павлески, директор на Агенцијата во врска со странски инвестиции истакна дека вкупните странски инвестиции се 120-130 милиони евра и доколку не се случеше ковид кризата, годината е беше поуспешна.

„Никој не очекуваше дека ова може да се случи со ковид кризата. Ние добро го поднесовме тој прв бран. Податоците говорат дека поголеми удари во економијата кај нас, особено не во делот на странските инвестиции, не очекуваме дека ќе има страшни последици до крајот на годинава Бројките ги очекуваме во наредниот период и работиме во насока да излеземе во пресрет на сите барања.“ - рече Павлески.

Павлески потенцираше дека странските инвеститори се играчи на големиот светски пазар и дека во делот на тој сектор немаме случај на отпуштање на вработени и добро влијание имаа мерките на владата да се задржат работните места, дури и од странските инвеститори.

„Мислам дека засега состојбата е добра и ќе имаме добра комуникација со сите инвеститори и веќе се подготвуваат прашалници кои ќе бидат доставени до сите нив, за да ги согледаме состојбите и да повлекуваме други потези.“ - рече Павлески.

Во однос на новната профитаблилност, Павлески потенцираше дека реинвестирањето е показател дека странските компании се пример и за домашните дека тоа не е закана, туку дека имало реинвестиции од 100 милиони евра. Рече дека имал контакти со пет компании кои се заинтересирани да влезат кај нас во разни сектори. Тие препознаваат одредени можности дека македонија е привлелчна земја за инвестирање и со поволностите кои се нудат за инвестирање. За краток период се очекува инвестиција на „Кафе ди Артисан“ во Куманово.