Павичевиќ за ТВ 24: Не смееме да дозволиме учениците да губат како резултат на спор меѓу владата и СОНК
Претседателот на Сојузот на средношколците Лука Павичевиќ во емисијата 24 анализа рече дека нивно барање долго време било сите засегнати страни во образовниот процес, треба да бидат еднакви.
- Пред се учениците и како малолетници сме најмалку сфатени. Нашето клучно барање беше од аспект за солиданост, но има граница кога едно право го прекршува другото право. Наставниците треба да продолжат да се борат за повисоки плати и повисок статус во општеството, но не смееме да дозволиме учениците да страдаат и да губар како резултат на спор меѓу владата и СОНК. Нивната позиција е загарантирана и тие се вработени. - вели Павичевиќ.