Патриотското Здружение „В'мбел“ рефлексија за обединување на Македонците со егејско/беломорско потекло
Foto

Патриотското Здружение „В'мбел“ рефлексија за обединување на Македонците со егејско/беломорско потекло

Патриотското Здружение „В'мбел“ се појавува како рефлексија од потребата за здружување и обединување на Македонците со егејско/беломорско потекло. неговиот основач Сотир Лукровски настојува да се зачуваат старите традиции на овој крај, од кој и самиот потекнува..

„Токму овој период го означува времето кога работевме, најнапред на зачувување на споменот и традициите на селото В'мбел, Костурска Околија од Егејскиот дел на Македонија. Во изминатиот период од десет години ги возобновиме средбите меѓу В'мблените. 

Во време на пандемија Лукровски смета дека е неблагодарно да зборува за некаков план на активности. На почетокот од март, здружението го одржа Основачкото Собрание во отежнати услови. иако се планирало промоција со мноштво од нашите следбеници и бројни гости, но условите сѐ уште не дозволуваат таков тип на собир.

„Исто така, во периодот што следи ќе ги отпочнеме подготовките за реиздавање на монографијата за селото В'мбел од Сократ Пановски, за која има огромен интерес и во дијаспората. Ова дело е сведок за нашето постоење.“ - вели Лукровски.

Здружението е отворено и за соработка со сите домашни и странски организации кои ќе можат да помогнат во остварување на целите и програмата.

„Интересни за соработка се сите здруженија и организации на Македонците, кои се со сличен карактер и заложби во нашата држава, соседните земји и дијаспората.“ - вели Лукровски.

Здружението ќе биде организирано согласно своите органи, како што се: Претседател, кој го претставува и застапува Здружението, Собрание кое е воедно и претставува највисок орган на Здружението, Извршен одбор, Надзорен одбор, како и Секретар кој ќе се занимава со техничките работи на Здружението.

„Сите оние кои се пронаоѓаат и се поистоветуваат со зборовите верба, надеж, љубов, семејство, работа, традиција, патриотизам, религија, нација, татковина, Македонштина, Македонија.“ - порчува Лукровски.

0 Коментари

Остави коментари