Патот на марихуаната: Од копно се префрли на вода, спречен шверц на дрога од албанија во Македонија
Foto

Патот на марихуаната: Од копно се префрли на вода, спречен шверц на дрога од албанија во Македонија

Шверц на марихуана преку Охридското езеро е спречен од страна на албанската полиција од градот Поградец.Запленета е дрога во помала количина, уапсен е Адриан Папајани од селото Худениш, а се трага по неговиот брат Фатјон Папајани.

Според полицискиот извештај постојат основи на сомнение дека трговијата со дрога од Албанија кон Макеоднија преку Охридското езеро браќата и други лица  ја извршувале повеќепати досега.

„Благодарение на добро организираната акција, спречен е шверц на помала количина марихуана. Како материјален доказ запленети се чамец, два мотора „јамаха“, две електронски ваги, алати и друга опрема што биле користени за оваа криминална активност.“ - стои во полицискиот извештај.

Од полицијата додаваат и дека се работи на откривање и изведување пред правдата на останатите лица вклучени во нелегалната трговија со дрога.Одземените материјали велат од таму се предадени на Обвинителството при основниот суд во Поградец за кривично дело организирана трговија со наркотици.

Полициите на двете земји се вклучени и во расветлувањето на случајот со запленетиот кокаин во Драч откако во камионот со кој управувал македонскиот државјанин Н.А запленети се 324 килограми и 400 грама кокаин.Дрогата била откриена со скенер на втората линија на контролата пред возилото да влезе во траектот кој пловел на релација Драч-Наполи.

0 Коментари

Остави коментари