Партиско обединување и реконструкција на влада
Кој министер ќе биде предложен од наша страна одлучува БЕСА - му одговори Билал Касами на премиерот Мицковски - кој вчера кажа дека тој е мандатар и тој ја составува владата.
На централното собрание на партијата била анализирана и работата на функционерите.
Нивната професионалност и придонес ќе бидат земени во предвид пред најавената владина реконструкција, кажа Касами.
Билал Касами претседател на БЕСА
Министерот за социјална политика демографија и млади Фатмир Лимани е каменот на сопнување меѓу Касами и Мицковски за идната владината реконструкција, откако првиот човек на БЕСА кажа дека министерот за правда Филков заедно со Лимани треба да бидат сменети.
Лимани пак пред седницата прашан од новинарите дали Мицковски или Касами ќе одлучуваат за него, изјави дека се потребни разумност и дејствија кои нема да создаваат простор за враќање назад.
Министер за социјална политика демографија и млади Фатмир Лимани
„Работата која сум ја извршил за овие 16-17 месеци, вработувањата и ред други работи и проекти кои се направени во полза на народот и нашата држава, тоа ќе одлучува. Не се осмелуваме да ја нарушиме структурата на ВЛЕН бидејќи тоа би значело враќање назад. Не треба да создаваме простор за други структури да станат дел од Владата“,
Судирот меѓу Касами и Лимани кулминира по локалните избори - откако министерот кој беше кандидат за градоначалник на Кичево ги изгуби изборите во таа општина.

