Партиски преписки за уставните измени
Со оставките на министрите од ДУИ, што ќе стапат на сила веднаш по усвојувањето на уставните измени, Мицкоски и ДПМНЕ можат веднаш да станат дел од Влада во која нема да учествува ДУИ, а потоа и да се организираат предвремени избори.
Се што треба да направат е да се вклучат во процесот и да дадат поддршка за уставните измени.
Во спротивно, ќе покажат дека се несериозни и неодговорни пред сопствениот народ и пред иднината на државата. Од ВМРО-ДПМНЕ пак велат дека Ковачевски, Маричиќ и Османи се посрамотија за чествувањето на Илинден без да споменат дека е македонски и го злоупотребија да го убедуваат народот за уставните измени, иако над 80% од граѓаните се против уставни измени под бугарски диктат.