Партиски натегања за вонредна анкетна комисија покрај онаа на Апасиев
Со 84 гласа за без ниту еден против и воздржан беше изгласана потребата за формирање на анкетна комисија која ја иницираше парламентарното мнозинство а во која се опфатени несреќите за Кочани, Модуларната во Тетово Дурмо Турс и Бса Транс а кои земаа вкупно 138 жртви.
Парламентарното мнозинство побараа неселктивно да се дискутира за сите несреќи но и побараа од опизицискиот лидер Венко Филипче и тој како поранешен министер за здравство да даде поддршка на нивната иницијатива . Учество со амандмани на владината иницијатива земаа и тројцата пратеници на Села кои посочија дека анкетна комисија е добра можност да се стави на тест функционалноста на институциите .
Пратеничката група на СДСМ пак чија иницијатива заедно со опозициските партии не ја помина процедурата при гласањето на потребата реагираше дека до нив не биле доставени амандманите за иницијативата на владејачкото мнозинство по што собранискиот спикер Гаши ги упати да проверат на електронските адреси . Опозицијата пак со објаснувања зошто нивната анкетна требаше да се гласа .
Во меѓувреме останува најавата за постојаната анкетна комисија во рамките на законодавниот дом со која претседата Димитар Апасиев а е најавена за на 9 . Термин кој и покрај барањето на Гаши да биде преместен за сега останува и како што и денеска најавија од Левица истата ќе се одржи бидејќи тоа веќе било договорен термин со семејствата на настраданите .
Претседател на анкетната која ја иницираше парламентарното мнозинство ќе биде од редовите на опозицијата.

