Партијата на Бојко Борисов денеска ќе направи промени во раководството
Foto

Партијата на Бојко Борисов денеска ќе направи промени во раководството

Извршната комисија на владејачката партија во Бугарија ГЕРБ денеска ќе одржи Национално собрание. Како што јави дописникот на МИА од Софија притоа ќе бидат избрани заменици претседатели на ГЕРБ и нови членови на извршните и контролните комисии. На делегатите ќе им биде понудено да гласаат и за измена на статутот на партијата. Поради епидемиолошката состојба, форумот ќе се одржи преку Интернет.

По парламентарните избори на 4 април се зборуваше за можни промени во раководството на ГЕРБ. Тогаш премиерот и партиски лидер во оставка Бојко Борисов изрази незадоволство од неговите изборни резултати во Софија, Бургас и Стара Загора. Менда Стојанова, Красимир Велчев, Пламен Нунев денеска ќе се разделат со своите позиции во раководството на партијата. 

Имаше и неофицијална информација во софиските медиуми дека некои од најуспешните градоначалници на ГЕРБ, Јорданка Фандакова и Димитар Николов, ќе се разделат од нивната функција заменик претседател на партијата, но потоа, од коментарот на Бојко Борисов стана јасно дека Фандакова веројатно не е кандидат за градоначалник на Софија и може да ја задржи лидерската позиција во ГЕРБ.

Според статутот на ГЕРБ, Националното собрание се свикува најмалку еднаш на четири години, а последното беше во 2017 година.

0 Коментари

Остави коментари