Партиите претеруваат со негативната кампања порачуваат познавачите
Foto

Партиите претеруваат со негативната кампања порачуваат познавачите

Лични навреди и оцрнување на политичкиот противник, недифинирани и нејасни пораки, празни флоскули и фрази, наместо конкретни решенија и визија што ќе направат ако дојдат на власт – вака дел од експертите за односи со јавност ја оценуваат досегашната изборна кампања и видео пораките на политичките партии.

Залудни се црните кампањи ако партииите не понудат алтернативни решенија - зошто граѓаните би гласале за нив, а не за политичките противници, велат експертите. Согласни се дека црната кампања нема да има некаков ефект особено кај неопределените гласачи.

„Целово ова милје на меѓусебното препукување со недефинирани и нејасни пораки кои што се најчесто и под нивото на комуникација со политичкиот противник ги демотивираат гласачите да излезат на гласање кои што и без тоа се демотивирани поради многу причини пред се поради пандемијата да гласаат и се создава едно чувство како да сте во едно реално шоу. Тоа само ја намалува мотивацијата на граѓаните да излезат и да гласаат.Оваа кампања за прв пат многу јасно ни покажува едно обележје на дисквалификација на политичкиот противник, а глорификација на својот лидер.“ - вели Ангелка Лауренчиќ.

„Ние сме сведоци во нашата земја на црна кампања. Значи оцрнување и затемнување, катаклизма. Ако не победам јас тогаш ќе настане крај на државата и крај на светот, ако победам јас се ќе биде добро и тоа го практикуваат сите политички партии долго време , но тоа е погрешно Обрвска на секоја партија е да ги каже слабостите и недостатоците на политичкиот противник и тоа е супер, но залудно е дури и да ги нацртате сите слабостите ако не кажете што нудите вие и тука е клучното бидејќи програмите на политичките партии и кандидатите се нешто за што гласаат граѓаните.“ - вели Бојан Кордалов – Специјалист за односи со јавност.

Политичките дебати ја покажуваат и политичката култура на кандидатите. Наместо да се презентираат концептите и програмите на партиите, политичките дебати во добар дел се сведуваат на надвикување и надмудрување помеѓу кандидатите, а граѓаните сакаат да видат лидерство, јасен концепт и визија од оние кои претендираат да ја водат државата – порачуваат експертите.

„Ефектот што сите го имаме е дека ете сите се исти, а тоа не носи добро ниту на политичките партии ниту на институциите. Граѓаните бараат лидерство, јасност, концепт и визија за што понатаму Во оваа кампања сите партии имаат крупен проблем да си го мотивираат ссопственото членство и таргетот во видео кампањите им се постојаните гласачи и нивното членство. Така се направени и така се лиферуваат. Сметам дека како што ќе поминува времето малку ќе се прошират и ќе зборуваат за нешто што ги интересира и неопределените , затоа што не сите сме заинтересирани да слушаме неубаво и лошо за другата страна, тоа не врши работа на никого.“ - вели Ангелка Пеева Лауренчиќ – Директорка на Агенција за односи со јавноста и комуникациски менаџмент „ПР Имиџ“.

„Не знам како да објаснам комуниколошки дека всушност кандидатите и партиите мора да разберат дека се обраќаат на граѓаните иако спроти себе го имаат политичкиот противник. Пораката ја испраќаат до граѓаните бидејќи не гласа политичкиот противник туку граѓаните и тоа чувство на адреналин што го имаат и надвикување е потрошено време на дебатата. Нема плус ако го надвикате противникот има плус ако кажете став, заложба и зошто заради кој проект да ве гласаат? Ги отргаат со секоја нецевилизирана и примитивна дебата и меѓусебното непочитување како противници и со тоа испраќаат порака да луѓето се повеќе се отргнуваат од гледањето на такви дебати, граѓаните велат ќе помине, значи не успеале да ги инволвираат и да се доближат до неопределените гласачи кои што се клучни. Вашите гласачи односно тесно партиските гласачи на вашата партија секкако ќе ве гласаат , гласачите на конкурентските гласачи никогаш нема да ве гласаат, но во средина има една голема група на луѓе на која што се обраќате и мора партиите да разберат дека се обраќаат на неопределените.“ - вели Бојан Кордалов – Специјалист за односи со јавност.

Анкетата што ја спроведе НДИ покажува дека 23 проценти од испитаниците најверојатно нема да гласаат на престојните избори, а 41 отсто не веруваат дека изборите ќе бидат фер и слободни. Анкетата дополнително покажала и дека значителен дел од гласачите го промениле своето гледиште за состојбата во државата од неутрално во песимистично.

0 Коментари

Остави коментари