Партиите пред финални одлуки за претседателските и парламентарните избори

Продолжуваат партиските калкулации да се биде или не. Преку своите кандидати, но и изборни листи кои веќе ги креираат партиите и коалициите што ќе учествуваат на изборите ќе се обидат да ги убедат граѓаните зошто треба да гласаат за нив.

И додека веќе се лицитира со одредени имиња лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски пак веќе посочи дека во втората половина на февруари месец ќе излезат со името на нивниот претседателски  кандидат иако во јавноста се спомнуваат универзитетските професори Гордана Силјановска Дафкова и Александар Спасеновски како се попизвесни, а пак изборните листи ги најавија веднаш по Водици како и имињата на оние кои ќе бидат дел од техничката влада. 

Владејачката СДСМ која ќе моа да мисли и на поддршката од коалициските партнери велат и денеска дека тоа ќе биде исклучиво кандидат кој ги исполнува сите критериуми не само  партиски туку и коалициони. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски чие име се спомнува како еден од најизвесните кандидати за претседател заедно со актуелниот Пендаровски и денеска во интервју за Гласот на Америка ниту потврди ниту негираше дека ќе се кандидира, но вели тоа мора да биде кандидат кој ги исполнува партиски пропишани норми.

Свој кандидат за претседателските избори најави и албанската опозиција, а се спомнува името на Руфи Османи. Лидерот на европскиот сојуз за промени Изет Меџити пак и во последната изјава ја потврди информацијата дека ќе излезат со свој претседателски кандидат, а посочи дека и Руфи Османи бил еден од кандидатите со кои се разговарало но ќе има разговори и со други.  

Од албанскиот политички блок за сега ДУИ и Алијанса за албанците без конкретни ставови околу тоа дали и кого ќе номинираат за претседателски кандидат иако не ја исклучуваат и таквата можност доколку не го поддржат кандидатот на коалицискиот партнер од Бихаќка иако интегративците веќе посочија дека сите опции се на маса па дури и оние за евентуални заеднички изборни листи.

Сепак најтешката одлука ќе треба да ја донесе Алијанса за Албанците која има понуди и од двете страни за коалиција. Партискиот лидер Таравари денеска не одговори на повиците на ТВ 24 да одговори дали можеби и тој би се кандидирал за претседател ако ја добие поддршката од Касами, Меџити и Гаши кои пак се уште ги разгледуваат своите опции за претседателски кандидат.