Партиите на чекор до решение за законот за државјанство
Направен е исчекор околу Законот за државјанство по денешната лидерска на премиерот Заев со лидерите на албанскиот опозицоски блок Зијадин Села и Африм Гаши.
Сега на потег се експертите кои треба идеите и предлозите да ги стават на хартија и во текот на оваа недела ќе се знае дали ќе се прави ново законско решение или ќе се прават измени на постојаното.
Во меѓувреме иако има желба за деблокада на работата на Собранието, сепак засега официјално повлекување на амандманите за останатите законски решенија меѓу кои и 5 пакет на економски мерки за сега нема, а законите остануваат во матичните комисии.
Она кое што престои периодот се и средбите на опозициските партии во собранието. Предлогот за стекнување на државјанство со тројца сведоци најверојатно нема да биде дел од новото законско решение. Од ДУИ пак и денеска обвинија дека Алијанса и Алтернатива ширеле дезинформации околу бројката на лица кои бараат државјанство или се во некаква постапка.
Според статистиката на албанскиот опозициски блок граѓани кои треба да добијат македонско државјанство или пак се во некаква процедура се над 2700 лица. Најголем дел од нив не живеат во земјата но го имаат правото за стекнување на државјанство, а има и такви кои се родени во земјата, но поради одредени околности не добиле македонско државјанство.

