Партиите и извршната власт да не се мешаат во независноста на судската власт
Политичките партии и извршната власт не треба да даваат изјави и да делуваат на независноста на судската власт, е ставот на Блупринт група за реформи во правосудството затоа што таа е независна и треба да остане е констатацијата од завршната конференција на проектот „За правда - Граѓанските организации за независно и ефикасно правосудство“.
Новиот закон за Судски совет кој го изработи широка работна група за реформа на Судскиот совет врз основа на препораките на Оценската мисија на ЕУ веќе е готов.
Академикот Владо Камбовски кој ја раководеше подготовката на новиот законски текст, смета дека разрешувањето во целина на судскиот совет е доста комплексно и не е едноставно што значи директно мешање во судската власт т.е. во автономното право на судиите да ги избираат своите членови во Судскиот совет.
Од адвокатската комора со препорака да се разговара со сите чинители вклучувајки ги и нив како фела.
Проектот „За правда - Граѓанските организации за независно и ефикасно правосудство“ се спроведува од јануари 2023 година, кој има општа цел да се зајакне учеството, придонесот и влијанието на граѓанското општество преку Блупринт групата во процесите за реформи на правосудството.