Парното греење не смее да поскапи
По најавата дека се бара покачување на парното од 50 посто од “Но пазаран“ велат дека ќе се зголемат сметките. Според Ненов, од една страна ќе се зголемуваат сметките, а од друга страна условите за исклучување стануваат се поригорозни на сметка на профитот врз грбот на граѓаните.
Енергетските компании задолжни за топлинската енергија во Скопје бараат зголемување на цената која ја плаќаат граѓаните за дури 50 отсто. Претседателот на Регулаторната комисија Марко Бислимоски вели дека допрва ќе ги разгледува овие барања и ќе ги признае само реалните трошоци.
Според Ненов, секоја година иста приказна пред јавноста при покачувањето на сметките на граѓаните. Потенцира дека нема простор за покачување на сметката за парно греење.
Инаку, во јануари месец Регулаторна го прифати барањето на ЕСМ да се зголеми цената на топлинската енергија, со што граѓаните добијаа поскапи сметки за 5 проценти.