Парламентот на Чешка гласаше „ЗА“ прием на Северна Македонија во НАТО
Foto

Парламентот на Чешка гласаше „ЗА“ прием на Северна Македонија во НАТО

Парламентот на Република Чешка денеска го ратификуваше Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО.

На седницата присуствуваше и претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев.

Земјите-членки на НАТО на 6 февруари го потпишаа Протоколот за пристапување на Северна Македонија во Алијансата. По ратификацијата на Протоколот во парламентите на сите 29 земји-членки на Алијансата, Северна Македонија и официјално ќе стане полноправна членка.

0 Коментари

Остави коментари