Парламентарното собрание на Советот на Европа посочува дека Бугарија ја направила блокадата поради идентитетски барања
Foto

Парламентарното собрание на Советот на Европа посочува дека Бугарија ја направила блокадата поради идентитетски барања

Парламентарното собрани на Советот на Европа на последната зимската сесија, одржана со физичко присуство го усвои општиот извештај за следењето на обврските на земјите членки, при што во делот посветен на Северна Македонија, известувачот Микаел Аструп Јенсен нагласува дека евроинтегративните процеси на земјата се запрени поради Бугарија.

Бугарија се спротивставува на употребата на македонскиот јазик во рамките на преговорите и има дивергентни ставови за нивната заедничка историја, и покрај потпишувањето во 2017 година на Договорот за добрососедски односи. Преговорите сè уште не можат да започнат, бидејќи Бугарија ја блокира одлуката на Советот на министри на ЕУ за да ја донесе преговарачката рамка за Северна Македонија.

Бугарскиот претседател, Румен Радев пак денеска се пожали дека Европската унија не ја разбрала бугарската позиција во спорот.

Изјава Румен Радев, претседател на Бугарија - Можете да видите дека граѓаните со бугарски пасош во Македонија не се чувствуваат како граѓани со самодоверба. Бугарските власти не успеаја да и ја претстават на ЕУ позицијата на Бугарија за Македонија.

Инаку се уште нема одговор од Тирана или од Софија на предлогот на министерот за надворешни работи Бујар Османи, за политичко и економско продлабочување со Албанија и Бугарија преку т.н. „Иницијатива 8“. Според предлогот на МНР главната цел беше интензивирање на инвестициските проекти долж Коридор 8, односно од Црно до Јадранско море.

0 Коментари

Остави коментари