Парламентарното мнозинство е стабилно, тврдат владејачките партии

Парламентарното мнозинство е стабилно, а Владата целосно фокусирана на менаџирање на кризата, како и на скрининг процесот на ЕУ, тврдат владејачките партии по превирањата во Демократската унија за интеграција. 

За информациите поврзани со ДУИ вчера на прес-конференција одговараше министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој воедно е и портпарол на оваа партија. 

Тој ја нарече лажна вест информацијата за негова смена и посочувајќи дека таа не заслужува никаков коментар. 

И од владејачката СДСМ излегоа со тврдења дека мнозинството е стабилно и дека Владата работи на менаџирање на кризата и на скрининг процесот.