Парламентарни избори во Косово
Парламентарни избори во косово, девети од прогласувањето на независност на земјата а први кои се оддржуваат во редовен термин...Политички партии, коалиции, граѓански иницијативи и независни кандидати се борат за влез во собранието...од 1280 кандидати, место има само за 120 ... На гласачките ливчиња се најдоа и шест политички субјекти од српската заедница...
Албин Курти и Самоопределување водеа на предизборните анкети и се фаворити на косовските аналитичари за освојување на уште еден мандат...Веднаш зад нив се Демократската лига на Косово, Демократската партија на Косово и Алијансата за иднината на Косово на поранешниот премиер Рамуш Харадинај... Според правилата, изборниот праг изнесува 5 проценти...
...изјава Насер Јусуфи – жител на Приштина
„Очекувам се најдобро за Косово. Подобра економија и нови работни места. “
..изјава Кадри Аземи – жител на Приштина
„Од овие избори очекувам да го сочуваме северниот дел на Косово. Останатото можеме и сами да го направиме. “
..изјава Лаура Красниќи - жител на Приштина
„Очекуваме промени на подобро бидејќи до сега се беше исто. Економијата не е во добра состојба па се надевам дека ќе биде подобро. “
Од 120 места во косовското собрание, 20 се загарантирани за припадниците на малцинските заедници... Српската заедница има 10 пратенички места, бошњачката - три, турската - две, ромската заедница - четири, а Горанската заедница има едно пратеничко место. ..На северот на Косово, србите очекуваат дека овие избори конечно ќе донесат промени .. Ова е првпат да се вратат на гласачките кутии од 2022 година, кога Српската листа – водечката српска партија во Косово – се повлече од институциите и ги повика Србите да ги бојкотираат претстојните изборни процеси...
„Стар сум за да имам некои големи очекувања. Им посакувам на младите да можат да се вратат , да можат да го посетат своето родно место. “
„Секој глас е добредојден. Се надевам дека ќе освоиме доволен број на пратеници. “
Косовските граѓани во дијаспората гласаа вчера во 30 дипломатски претставништва, лоцирани во 19 различни земји....Според податоците на косовската амбасада во македонија, од 55 регистрирани, гласале 17 лица...