Парламентарците дебатираат за кризна состојба

Сите треба да се одговорни во време на криза, рече меѓу другото денеска пратеничката од СДСМ, Марија Георгиевска на третиот ден од расправата по Предлог-одлуката за продолжување на кризната состојба во енергетиката на собраниската расправа на комисијата за одбрана.

Ваквиот став на Георгиевска доаѓа откако опозициските пратеници ја обвинија власта дека е неспособна да се справи со кризата и дека мора да понесе одговорност. А Марија Петрушевска од ВМРО-ДПМНЕ пак кажа дека енергетската криза има две лица. Првото е сиромаштијата изрзена преку граѓаните и високите сметки за струја и второто, профитот а сининим за него е СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски.

Европратеникот Рајнхард Бутекофер, кој денеска беше во посета на Собранието изјави дека кризата ќе биде тешка за сите земји и затоа сега мора да се преземат мерки кои досега биле незамисливи. 

Кризната состојба во енергетиката истекува на 30 овој месец до кога пратениците треба да се изјаснат дали ќе го поддржат предлогот на Владата, во Македонија да биде продолжена кризната состојба се' до завршувањето на претстојната грејна сезона односно до 30 април 2023 година.