Париз и Франција силно погодени од пожарот на катедралата Нотр Дам
Foto

Париз и Франција силно погодени од пожарот на катедралата Нотр Дам

Голем пожар избувна во познатата катедрала Нотр Дам во Париз. Огнената стихија која ја зафати една од најпознатите знаменитости во главниот град на Франција ги уништи покривот и главната купола , како и целата внатрешност како објектот.

Засега се уште не е позната причината за пожарот но од француската противпожарната служба на велат дека нејверојатно е поврзано со процесот на реставрација кој се одвива во моментов. Во гаснењето вклучени се 400 пожарникари. Како што известуваат француаските медиуми, обвинителство отворило истрага за да се утврдат причините за пожарот. Во моментов нема информации за повредени лица а забрането е движење во околината на објектот кој се наоѓа во централниот дел на Париз. Градоначалникот на француската престолнина, Ан Идалго упати апел луѓето да стојат понастрана и да не им пречат на пожарникарите.

„Ужасен пожар е во тек во катедралата Нотр Дам во Париз. Пожарникарите се обидуваат да го стават под контрола огнот. На локално ниво сме мобилизирани и во постојан контакт со црковните власти. Барам сите да го почитуваат безбедносниот периметар.” - напиша таа на Твитер.

Сочуства до жителите на Франција упати Францискиот претседател Емануел Макрон кој вечерва требаше има обраќање за состојбата на нацијата, но го откажа поради големиот пожар во Нотр Дам.

„Нашата Дама од Париз е во пламен. Како и сите мои сонародници, несреќен сум што гледам како дел од секој од нас изгоре вечерва.“ - порача Францускиот претседател на Твитер.

Порака со подршка до францускиот народ испрати и германската канцеларка Ангела Меркел која катедралата ја нарече симбол на француската, но и на европската култура. Во 2018 година, католичката црква барање од француската влада да издвои дополнителни средства со цел да се спаси 850 години стариот објект кој годишно го посетуваат околу 13 милиони туристи. Реновинарењето започна минатата година откако се појавија пукнатини на објектот.

0 Коментари

Остави коментари