Парите на граѓаните за привилегии на функционерите
Веќе трета недела Македонија е во пламен. Огнени стихии речиси во сите краишта на државата. Во недостиг на опрема и механизација се гаси дури и со гранки, лопати, а во најголемите шумски пожари само со едно возило.
Македонија две децении е една од земјите која е на најголем удар на пожарите. Но, земјата се уште кубури со опрема и механизација. Пари за да се заштитат шумите нема, но за луксузни возила за владините и локалните служби, власта со широк отворен новчаник.
Последните истражувања на Центарот за граѓански комуникации - говорат дека за две години во 2023 и 2024 година државните институции потрошиле неверојатни 8,5 милиони евра за службени возила. Земја како Македонија велат од центарот која живее на кредити мора да направи рационализација на средствата,
Дека недостасува опрема и механизација на терен - говори и борбата со огнената стихија во Скопска Црна Гора. На терен неделава екипа на ТВ 24 регистрираше како во големиот шумски пожар над селото Чучер - гаси само едно возило во текот на целиот ден .
Но и покрај ваквата состојба на терен - директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов - смета дека состојбата е далеку подобра споредбено со изминативе години.Но. сепак признава дека недостасуваат летала за гасење ЕР трактори
Состојбата е лоша и во противпожарните друштва каде недостасуваат над 300 пожарникари и се гаси со возила стари над половина век. Така е со децении. И додека пожарникарите апелираат за помош во опрема и механизација, владата и годинава реши да заштеди во средства за гасење на пожари. Месецов стави во функција 38 стари но репарирани армиски и полициски возила за справување со огнените стихии. Проценките на премиерот Мицковски се дека така држвата ќе заштедела десетици милиони евра.
Државата со децении штеди на опрема и механизација за гасење на пожари чии пламени јазици го проголтаа највредното во државате шумата- белите дробови во Македонија, а во огнот за жал месецов загинаа и две лица.

