Парични казни за три градинки и едно училиште по спроведени инспекциски контроли во кујните
По спроведени инспекциски контроли во училишните и кујните во градинките на територијата на целата држава, три градинки и едно училиште добиле парични казни. За утврдените недоследности, издадени се девет решенија со наредби за нивно отстранување.
Во две градинки, хигиената не била задоволителна во кујните, а една градинка немала спроведено задолжителен здравствен преглед на вработениот персонал во кујните. Парични казни изречени се за три градинки, а поради несоодветно чување, уништени се 24 килограми храна.
Од спроведените контроли во училиштата, незадоволителни услови констатирани се само во една училишна кујна. Отстапки во однос на добрата производствена и добра хигиенска пракса утврдени се во две кујни. Поради погрешно декларирање, уништени се 59 килограми храна.

