Пари има, но патот меѓу селата Таринци и Балван не може да се реконструира бидејќи е дивоградба
Foto

Пари има, но патот меѓу селата Таринци и Балван не може да се реконструира бидејќи е дивоградба

Пари има, но патот меѓу селата Таринци и Балван не може да се реконструира бидејќи е дивоградба. Патот што е асфалтиран во седумдесетите години од минатиот век поради непотолна документација не може да добие имотен лист.

Од општина Карбинци велат дека проблем со локалните патишта има и во други општини, а речиси сите водоводни и канализациски системи се дивоградби. На листата се и државни згради,  верски објекти и училишта.

Од Транспорт и врски уверуваат дека работите ќе се решат со новиот Закон за легализирање дивоградби. Граѓаните се сомневаат дека заедно со државните институции ќе се протне и легализација на трговски објекти.

Првиот асфалт го добил пред половина век, ама патот помеѓу селата Таринци и Балван се уште е дивоградба. Од 2019-та траат обидите на локалната власт на Карбинци да го впишат во катастар како јавен пат. Но, поради непотполна документација тоа е неуспешно. Без негово легализирање општината нема пристап до 18-те милиони денари наменети за негова реконструкција. 

Дополнителен проблем е што во меѓувреме додека Карбинци прави нова документација да го легализира патот, дел од земјиштето околу него е вратено по пат на денационализација, па сега општината мора да плаќа и за експропријација на земјиштето.

Администрацијата во минатото заборавила да впише и други објекти. Речиси сите водоводни и канализациски системи во руралните средини се дивоградби. На листата се и државни згради,  верски објекти и училишта. Од Транспорт и врски уверуваат дека работите ќе се решат со новиот Закон за легализирање дивоградби. Но, за него се уште нема политички договор и тој речиси половина година е во собраниска процедура.

Сепак не сите градоначалници со воодушевување го чекаат новиот Закон за бесправно изградени објекти. Дел од нив сметаат дека тој ќе влијае негативно кај општинската администрација, особено бидејќи ја прават залудна работата на градежните инспектори. Граѓаните што градат легално се сомневаат дека со државните објекти ќе се протне и легализација на трговски центри, хотели и продавници. 

0 Коментари

Остави коментари