Парада на гордоста

Под мотото „Излези за љубов! достоинство, еднаквост, правда“, вечерва во Скопје се одржува третата по ред парада на гордоста. парадата е крик во име на милионите луѓе соочени со социјално исклучување и ограничен пристап до услуги кои се достапни за сите останати.

Парадата е празник на љубовта, ден на видливоста на маргинализираните, порачаа организаторите од националната мрежа против хомофобија и трансфобија. меѓу присутните од јавните личности беа забележани вицепремиерот Бојан Маричиќ, министерката за труд Јована Тренчевска, пратеничките Маја Морачанин и Моника Зајкова како и европратенички од Австрија и Словенија кои дојдоа да и' дадат поддршка на парадата.

Организаторите добија поддршка и од премиерот димитар ковачевски кој преку соопштение порача дека секој има право на почит, достоинство, прифаќање без предрасуди и еднакви можности за самореализација. парадата на гордоста, смета премиерот е едно од значајните демократски случувања во Северна Македонија.