Папата им порача на верниците да не бидат материјалисти
Foto

Папата им порача на верниците да не бидат материјалисти

Сетете се на сиромашните и не бидете материјалисти, порача папата Франциско по повод Божик. Франциско, кој е првиот папа во Католичката црква кој доаѓа од јужна Америка, побара од верниците од целиот свет да живеат поедноставни, помалку материјални животи. Во традиционалниот Urbi et Orbi или порака до градот и светот, папата повика на мир во сите завојувани страни ширум светот, а особено во Јемен и Сирија, двете земји во кои веќе долго време владее граѓанска војна.

„Мојата желба за среќен Божиќ е желбата за братство. Братство меѓу поединци од секоја нација и култура. Разликите помеѓу нас не се штета или опасност. Тие се извор на богатство." - порача папата од балконот на Базиликата Свети Петар.

Тој го осуди глобалниот финансиски ситем кој, како што вели, ги прави богатите побогати на сметка на сиромашните. Папата побара и да се надмине тензијата која е поврзана со миграцијата порачувајќи приотоа дека господ сака љубов, прифаќање ипочитување за сите луѓе. Десетици илјадници верници, од целиот свет пристигнаа и во Витлеем. Голем дел од нив присиствуваа на полноќната миса која се оддржа во црквата на Христово раѓање.

0 Коментари

Остави коментари