Папата Франциск во историска посета на Северна Mакедонија
Традиционално со леб и сол и заедничко добредојде од шефот на државата Ѓорѓе Иванов и премиерот зоран заев на скопскиот аеродром- државнички со почесна гарда, воен оркестар и државните химни во вилата на Водно – папата Франциск историската посета на земјава ја почна со поздрав на знамето.
Откако церемонијално го пречека претсеадателот во заминување, добредојде му посака и претседателот во доаѓање Стево Пендаровски, како и премиерот со владина делегација - а пораките за солидарност и сплотеност ги слушна и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
По тет а тет средбите со Иванов, Заев и нивните семејства - ја благослови Северна Македонија – на државно политичкиот врв, дипломатскиот кор, и претставниците на граќанскиот сектор им порача дека клучен е соживотот и солидарноста – истата она на Мајка Тереза - се заблагодари за помошта на мигрантите, а на земјава и посака заедно со Западен Балкан што побргу да се интегрира.
За Иванов, посетата на папата е полна со симболика – и последна за неговото претседателствување. Повика на обединување, но и порача дека сегашноста е неизвесна, македонската држава ранета, а верските симболи се користат за разединување. Побара помош за Република Македонија, новото уставно име не го спомна ниту еднаш.
Новоизбраниот претседател Стево Пендаровски одби да ги коментира пораките на Иванов. Вевли дека посетата треба да биде повод за соработка и на власта и опозицијата и покрај разликите. За премиерот Заев, посетата на папата е доказ за иднината која вели ја има земјава. И премиерот не скаше да го коментира говорот на Иванов - вели денеска е ден за убави пораки. Заев порача дека идните предизвик за земјава е одлуката стартот на преговорите за во таа насока и средби со средби со Макронн и Меркел.
Во претсеадателската вила од рано изутрината беше раздвижено се правеа последните подготовки - вилата се чуваше од воздух, но и од под земја - безбедносните подготовки беа на највисоко ниво – медиумиските екипи го видоа папата само на црвениот тепих од пристојна далечина, а обраќањето го следеа од видео бим. Папата, вилата на Водно ја напушти со подарок резбан албум со авторски фотографии од христијанското културно-историското наследство на Македонија.