Паолини го освои Рим
Италијанската тенисерка Јасмин Паолини е победничка на турнирот ВТА 1000 во Рим со награден фонд од над шест милиони евра.
Шестата носителка Паолини попладнево во финалето кое траеше час и половина убедливо ја совлада четвртата носителка, Американката Коко Гоф, со 6-4, 6-2, станувајќи првата домашна тенисерка што ја освоила титулата во Рим по пауза од 40 години.
Паолини доминираше во финалето и ја освои својата трета титула во кариерата, а за победата во Рим заработи 877.390 евра, додека поразената Гоф инкасираше 456.735 евра.