Пановски за Студио 10: Мерките не се почитуваат, здравствените власти како стручњаци не множат со нула

„Не се мрдна со прст на тоа што ние како најстари укажуваме, гледам дека здравствените власти како стручњаци не множат со нула, а резултати го покажуваат тоа.

Кога имате проблем со лекување на пациенти, висока смрнтост во болнциите, најлесно што можете да направите е да воспоставите превентивни мерки, а не да пуштате Делта сојот да влезе брзо кај нас и да предизвика смрнтост. Од она што сега го слушам смрноста е 60%. Како една од причините ќе ги наведам дозовлите за реалзиација на свдабите во затворен простор, Тука, секако е неисполента зконска обврска да има протоколи. Продолжува трендот секој доктор да си лекува по свое. Ние сме земја која има многу стратегии и планови за протоколи, па дури и кога ги има ни властите не ги почитуваат.

Ако гледавте отворање на Ист Гејт, целото раководоство влегоа без маски. Ако следевте предизборна кампања и спотот на опозиционата партија, во тој спот 70 луѓе од кои 10 тина доктори од кои еден епидемиолог кој сега стана градоначалник се без маски, а знам дека спотот се снима најмалку три часа. И сега тие со кој образ ќе казнуваат, ќе бараат сертификати? И власта и опзоицијата со вакви потези не добија казни за тоа, ја срушија стратегијата за превенција. Замислете каде сме стигнати. Толку доктори немаат смелост на лидерот да ме кажат дека ова несмеат да го прават, а они одат и се сликаат.

Ова значи дека политиката не ги слуша докторите, дури и тие што ги поставиле изгледа ги ставиле за послушници. Место, да помогонете на народот, вие направивте трагедија со непочитување на протоколите.

Ние во јуни имавме 44 проценти смртни случаи од хоспитализирани, значи тие што влегле половината не изглегле. Во авгсут кога очкеувате дека нешто се научило како целиот свет, кај нас се зголемила за 60 проценти. Така ќе биде додека не се слушнат стручните лица.“ - вели Пановски за Студио 10.