Панов за ТВ 24: Ова не е референдум за сегашниот, туку и за претходниот претседател на САД

Политикологот Трајче Панов во емисијата 24 анализа рече дека очекувањата дека ова ќе биде црвен бран не се остварија, иако веројатноста дека републиканците ќе победат во претставничкиот дом е веќе сигурна и можноста да го добија Сенатот.

- Во најскапата трка на Пенсилванија, демократите го добија тоа место. Дефинитивно нема голема победа на републиканците. Треа да се загрижени за резултатите. Ова не е референдум за сегашниот, туку и за претходниот претседател на САД. - рече Панов.