Панел дискусија за слободата на медиумите наспроти политичките притисоци, дезинформации и говорот на омраза

Во Скопје денеска ќе се одржи панел - дискусија „Слободата на медиумите наспроти политичките притисоци и пропаганда, дезинформациите и говорот на омраза: Како понатаму?“, во организација на Институтот за медиуми и аналитика ИМА.

На панел дискусијата ќе учествуваат Младен Чадиковски, претседател на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Драган Антоновски, генерален директор на Медиумската информативна агенција (МИА), Арта Тахири, уредник на вести во Националната телевизија АЛСАТ и Атанас Кировски, новинар, поранешен директор и главен уредник на ТВ Телма и дописник на Би-би-си.

Како што е најавено, по излагањата на панелистите е предвидена дискусија со присутните на настанот.