Панел-дискусија „Одржливост на малите и локалните медиуми во дигитално време“
Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) денеска организира панел-дискусија на тема „Одржливост на малите и локалните медиуми во дигитално време“.
Се очекува успешните онлајн изданија низ дискусија да ги пренесат искуствата и начините на приспособување на новите услови во медиумскиот простор.
Панелот е организиран во рамки на проектот „Градење моќ за демократски права, слобода на медиумите и пристојна работа“ со поддршка од Меѓународната федерација на новинари (IFJ) и Union to Union.

