Пандов: Затворот Шутка бил „хотел Промаја“
Затворениците влегуваат и излегуваат кога сакаат од затворот „Скопје“ изјави денеска В.Д. директорот на управата за извршување на санкции Александар Пандов. Тој информираше дека при вондреден надзор во затворот овој месец на 19ти единаесет затвореници не биле во своите ќелии, дел од нив се вратиле додека 4ца од нив се уште се немаат вратено и се наоѓаат во бегство.
Тој исто така посочи дека секој затвореник излегувал и се враќал во затворот после 23и30 часот, тие слободно се движеле околу нив и си разговарале со полицајците. Додека Најкасно затвореникот треба да виде во својата ќелија до 22и30 часот. Директорот Александар Пандов најави дека ќе побара да биде разрешен директорот на затвот.
„На мое прашање до затворската полиција како е можно ваква да има однесување „Немаме никаква заштита, доколку повеќе многу често ни се случува доколку се обратиме доколку се обратиме према затвореник или пристапиме према него истите тие затвореници да извадат телефон да му се јават на директорот. Директоре ние ти дадовме пари овој не смее да ни прети на нас не смее да постапува према нас. За сето ова ние правиме записник не е готов записникот но, веќе е информирана полицијата. Во најголем дел од затворит во република Македонија не велам дека е иста но е слична состојбата затворите нас ни се хотел промаја.“ - вели Пандов.
Директорот на затворот во Шуто оризари, Андов со писмена реакција до медиумите кажа дека ќе поднесе тужба за клевета против него и ги отфрла сите обвинувања.
„По денешната прес-конференција на директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов, најавувам дека ќе поднесам тужба за нарушување на мојот углед, но и на институцијата со која раководам. Сите обвинувања целосно ги отфрлам како неточни. Ги повикувам институциите да постапат согласно закон, да ги утврдат сите факти и околности по извршениот вонреден надзор во петокот, каде што од страна на директорот Пандов се споменува дека не биле присутни 11 лица, а пријавено е само едно, додека другите биле контактирани по телефон да се вратат. Епилогот од таквото нестручно и неправилно однесување на директорот Пандов резултираше со бегство кое се случи во текот на ноќта од страна на четири лица.“ - вели Андов.
Директорот Пандов посочи дека во затворот „Скопје“ седум години не била направена контрола и исто така најави дека во следниот период ќе бидет интензивно правени проверки во затворот.