Пандев објави крај на репрезентативната кариера
Foto

Пандев објави крај на репрезентативната кариера

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев објави попладнево дека става крај на репрезентативната кариера по утрешниот натпревар против Холандија на Европското првенство.

- Да, ова е мој последен натпревар во дресот на Македонија. Ова е крај на мојата кариера во репрезентативниот дрес. Мислам дека оваа генерација го направи најголемиот успех во историјата на македонскиот репрезентативен фудбал, и сметам дека е вистински момент да се збогувам од националниот дрес. изјави Пандев попладнево на официјалната прес-конференција во Амстердам.

- На моите соиграчи им посакувам да се пласираат на Светското првенство. Верувам дека можат да го остварат тоа, бидејќи станува збор за фантастични играчи, посочи Пандев.

Натпреварот против Холандија, утре со почеток од 18 часот, ќе биде 122. за 37-годишниот Пандев од неговото деби во националниот дрес во 2001 година во мундијалските квалификации против Турција.

Пандев ќе се збогува со националниот дрес како фудбалер со најмногу настапи и најдобар стрелец со во историјата на македонскиот репрезентативен фудбал со 37 голови, вклучувајќи го и историскиот прв на Европските првенства, што го постигна против Австрија на 13 јуни во рамки на првото коло од групата Ц на ЕУРО2020.еќен сум што сум дел од овој тим, кој направи историја. Едвај чекаме да започне утрешниот натпревар и да дојдеме до позитивен резултат, порача Пандев пред утрешниот последен натпревар на „црвено – жолтите“ на ЕУРО2020 против Холандија.

0 Коментари

Остави коментари