Пандемските тендери под истрага на Антикорупциската комисија

Сто четириесет и две возила вредни 3.600.000 евра биле набавени за време на ковид пандемијата. Меѓу оние кои си го подновиле возниот парк се и Управата за финансиска полиција, која сега брои нова Опел Инсигниа вредна 37.798 евра, но и Агенцијата за електронски комуникации, каде има ново Хјундаи од 43.310 евра. 

Но, овие набавки не се единствените кои ги склучувале институциите за време на пандемијата. Антикорупционерите откриле драстични разлики во цените за еден ист производ кој го набавувале повеќе институции, проценка за набавки која е далеку повисока од она што подоцна чинела набавката, склучување на договори без јавен оглас во кои многу често учествувал по само еден економски оператор. 

Сепак, иако овие наводи, според антикорупционерите, имаат доволни индиции за коруптивни дејствија, но овојпат, наместо да се поднесат криивчни пријави, антикорупциската комисија донесе препораки кои треба да бидат дел од Националната стратегија за јавните набавки.

Дел од институциите, според антикорупционерите, биле за добра кои не се класифицираат како неопходни, а исто така, се ангажирале и правни лица за да ги спроведат набавките.

Според Катица Николовска од ДКСК, информациите говорат и дека фирмите кои се ангажираат да спроведуваат јавни набавки не поптишуваат изјави за доверливост, ниту пак за судир на интереси.

Истовремено, како што пред два дена објави ТВ24, антикорупционерите ги чешлаат тендерите на фирмата „Арбериа дизајн“, која освен свидетелствата и прославата за Рамковниот договор на плоштадот Секднербег добила повеќе други државни тендери, а е донатор на владејачката ДУИ.НСКО    Владимир Георгиев – ДКСК ()