Паднаа првите разрешувања во МВР

Началници, помошници началници, но и команданти - паднаа првите разрешувања во МВР поради трагедијата во дискотеката во Кочани.

Првиот човек на ресорното министерство Панче Тошковски денеска во неколку точки информираше за чистката во оделенијата на единиците на МВР во Кочани и Штип, но и најави дека акцијата продолжува и се прават претреси во министерството за економија и во општината, а во врска со документите кои ги имала за дискотеката. 

Во меѓувреме пак од ОЈО информираа и за бројката  за определување мерка краткорочен  притвор. (До сега се однесува на 16 лица и предлозите како такви биле прифатени од судија на претходна постапка) Нова информација која што пристигна од обвинителството е и дека склад за гориво постоел во непосредна близина на дискотеката „Пулс“ и дека за сите нови докази тековно ќе информираат . 

- И во текот на денешниот ден, со цел координација на активностите во Кочани е и Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски. - ОЈО.

Врз основа на обезбедените докази се испитува улогата на 16 лица за кои обвинителството побара и обезбеди мерка 48-часовен притвор.Претрес денеска беше извршен и во просториите на Општина Кочани.Попладнево, до надлежниот суд, Основното јавно обвинителство Кочани ќе достави предлог за определување краткотраен притвор за уште едно лице.

Обвинителството за сега се уште не го сомничи градоначалникот на општина Штип Љупчо Папазов откако беше на распит но се уште се собираат  докази. 

Премиерот Мицкоски пак денеска истакна дека согласно пропишаните рокови ќе бидат констатирани и оставките на градоначалникот на Кочани а согласно пропишаните рокови ќе постапат и со советот, но и дека на никого нема д аму се прогледа низ прсти независно од која партија да доаѓа.

Папазов својата оставка вчера ја најави на социјалните мрежи и посочи дека достапен ќе биде за органите на прогонот и институциите во секое време откако се отворија низа прашања во јавноста и за самата одговорност на локалните власти. Меѓу приведените се и екс министерот за економија Крешник Бектеши кој е спроведен во затворот во Шуто Оризари а приведени се и  директорот на Државниот Пазарен Инспекторат  Горан Трајковски директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Беким Максути.

Меѓу притворените се сопственикот на локалот и организаторот на настанот, обезбедување, продавач на билети, член на пазарен инспекторат, еден трудов инспектор како и други лица кои се поврзуваат со трагичниот инцидент. За што конкретно се сомничат обвинителството засега не открива. Тоа ќе се образложи во истрагата, но велат дека се работи за лица за кои постојат сомненија дека со своето постапување или непостапување придонеле за трагедијата. Од обвинителството веќе  посочија дека најголем дел од приведените се сомничат за тешки дела против општата сигурност, а казните можат да се движат од најмалку 3 па се до 20 години.