Падна воен авион за време на авијацискиот спектакл „Athens Flying Week“ во близина на Атина

Воен авион се урна за време на учеството на традиционалниот авијациски спектакл „Athens Flying Week“ што секоја година се одржува во воената воздухопловна база Танагра во близина на Атина, јави дописничката на МИА од Атина.

Несреќата се случи кусо пред 15 часот, според неофицијалните информации, станува збор за авион од типот Ф-4 Фантом, со еден или двајца пилоти и засега не е познато дали успеале навремено да се катапултираат

Авијацискиот спектакл го следат илјадници гледачи, а според информациите на дописничката на МИА од Атина, авионот се урнал на најмалку еден километар од местото каде што се гледачите.

Веднаш по падот избувнал и пожар, а небото го покри густ црн чад, по што „Athens Flying Week“ беше прекинат и започна евакуација на гледачите.