Падна „епскиот“ криминал во ТЕЦ Неготино: ОЈОГОКК не нашло докази за Ковачевски, Јахоски и Капушевски
Нема штета за буџетот, а фирмите на Капушевски и Јахоски ја спасиле Македонија во време на енергетска криза, од рестрикции и недостиг на електерична енергија-ова е заклучокот до кој по една година ОЈОГОКК дошло. За истрагата биле потрошени околу 50 000 евра. Обвинителката Катерина Коларевиќ на брифинг со новинарите кажа дека сега завршила со доказите и од околу 200, не се издвоил доказ од кој би се очекувал осудителна пресуда. Од ова произлегува дека постапката се запира за фирмата РКМ и Пуцко Петрол, нивните сопственици Ратко Капушевски и Асмир Јахоски како и поранешнешни високи функционери во Државните електрани, меѓу кои и бегалецот и поранешен директор на ЕСМ Васко Ковачевски.
Катерина Коларевиќ-обвинителка од ОЈОГОКК
„Истрагата утврди дека постапките биле спроведувани транспарентно. ЕСМ имало за цел да ги вклучи сите оператори што имале лиценци за трговија со мазут во интерес на побрзо испорачување на мазутот. Од исказите на претставници на економски оператори произлезе дека дел од компаниите не учествувале во постапките поради деловни и економски проценки, односно поради високите количини, потребните банкарски гаранции и ризиците поврзани со тогашната состојба на енергетските пазари. Согласно доказите, во критичниот период не постоеле рестрикции во снабдувањето со електрична енергија, а производството во ТЕЦ Неготино овозможило обезбедување електрична енергија по значително пониски цени од цените на слободниот пазар.“
Според ОЈОГОКК се било легално.
Катерина Коларевиќ-обвинителка од ОЈОГОКК
„Во постапката не е утврдено ниту дека со склучените договори и анекси била предизвикана штета на АД ЕСМ или на Буџетот на државата. Напротив, од доказите произлезе дека измените на годишниот план за јавни набавки и склучувањето на анексите се спроведени со одлуки на надлежните органи на АД ЕСМ, со одлуки на Управен одбор, а потврдени со одлуки на Надзорниот одбор на ЕСМ, со цел обезбедување доволни количини мазут за непречено функционирање на ТЕЦ Неготино.“
Постапката за загадувањето на возухот пак, кој прозилегува од користње на мазутот има анализи и вештачење направени во Србија, но во Македонија нема кој да ги прочита.

