Пациентите со сложени срцеви аритмии веќе нема да бидат упатувани во странство
Направена сложена срцева операција за прв пат извршена во Македонија. Пациентите со сложени срцеви аритмии наместо во странство ќе се лекуваат на клиниката за кардиохирургија, воведена е нова процедура на лекување.
Електро-физиолошка процедура која ќе чини помалку пари и стрес за пациентите. За овие комплексни срцеви аритмии, ФЗО досега издвојуваше повеќе 15 до 20 илјади евра по пациент за третман на истите во странство, бидејќи не беше возможно овие процедури да се прават во нашата држава.
Здраствените власти велат дека со овој потек на медицинскиот тим од кардиохирургија докажал дека во наштиот здраствен систем има знаење, храброст и визија за врвни резултати.
Според клиниката за кардиохирургија само лани се приближно 290 аблации, поголем дел од нив биле комплексни и се очекува годинава оваа бројка да се зголеми за 20%.

