Пациентите со механичка поддршка на срце бараат поголема посветеност и ажурност од надлежните институции

Пациентите со механичка поддршка на срце бараат поголема посветеност и ажурност од надлежните институции.Тегобите кај нив се секојдневни и тешки,трансплантации нема а и лекот " Ентресто" се уште не е ставен на позитивната листа на лекови па тие и понатаму го купуваат на приватно, а кај нас е двојно поскап отколку во соседството.На месечно ниво за батерии, лекови и други помагала одвојуваат по повеќе од 250 евра што за македонски услови е премногу.

Во државава 25 пациенти живеат со помош на механичка пумпа, но бројката постојано се менува со оглед на морталитетот и ново оперирани.Овие луѓе се целосно зависни од батериите што се полнат.

Дел од 20 ината пациенти не сакаат или не се за трансплантација и пумпата ќе ја носат како трајна дестинација.Но поголемиот дел чекаат трансплантација на срце.Меѓу овие пациенти има маж и жена кои се со по две пумпи односно кај кои и левата и десната комора од срцето се крајно заслабнати.Според производителот пумпите имаат трајност до 5 години а 15 ина од пациентите веќе носат пумпа над 3,5 односно 4, 5 години.