Пациентите позитивни на Ковид-19 од Охрид итно се транспортираат во Битола
Foto

Пациентите позитивни на Ковид-19 од Охрид итно се транспортираат во Битола

Шест пациенти во моментот со симптоми на коронавирус, но во добра здравствена состојба се сместени на Инфективното одделение во Охрид и ги чекаат резултатите од тестирањата на Ковид 19, информира директорот на општата болница Горан Балевски.

Според протоколите дадени од ресорното Министерство, пациентите со позитивен корона - тест и тешка клиничка слика се препраќаат во Битола на тамошното инфективно одделение со строго обезбеден транспорт, додека останатите остануваат во Охрид. Досега до Битола се транспортирани пет пациенти позитивни на коронавирус.

Болницата функционира според точно одредени протоколи на движење за да се спречат несакани ситуации појаснува Балевски. Одделите за геријатрија и кожни заболувања се испразнети и се ставени  во функција на инфективното одделение со цел да се зголеми капацитетот за сместување на пациенти.

Во моментот Охридското инфективно одделение располага со персонал од три докторки, други две на специјализација и околу 20-тина медицински лица.

Сегашниот капацитетот за сместување е за 10 лица. Со одлуката потешките пациенти да се препраќаат кон Битола директорот вели олеснета е работата и болницата има капацитет да се справи со ситуацијата. Пациентите од Струга со претходен преглед кај тамошен лекар ќе се упатуваат кон охридските инфектолози, а потоа тие ќе одлучуваат со оглед на затекнатата клиничка слика каде понатаму истите ќе бидат хоспитализирани.

0 Коментари

Остави коментари