Пациенти со леукемија со месеци чекаат терапија

Пациентите кои примаат терапија за леукемија се жалат дека повеќе од еден месец не ја примиле терапијата поради доцнење на набавката на лековите од страна на надлежните.

Од здружението велат дека овие лекови треба итно да се стават на позитивната листа да се променат првилата на увоз на лекови и не смее да се остави ниту еден пациент без лекови.

Од клиниката за хематологија велат дека не е виновна здравствената установа, бидејќи тендерот навреме бил завршен.